Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со шефот на Австриската дипломатија, Александер Шаленберг.
На средбата се разговараше за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија.
Воедно, Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето на реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето каде ќе се вложи најголема енергија.
Воедно, истакнал дека активната блокада е последица на животот во националната катастрофа во Македонија.