– Она кое би сакал да се навратам е следново.Уште во септември односно октомври месец предупредив дека ќе се случи ова бидејќи ова владино мнозинство вакво какво што е речиси 50-50 се поделени би рекол бројките во рамките на Парламентот, 50% е опозиција, 50% е власт. Сега јас зборувам од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ претпоставувам дека другите опозициски партиии Левица, Алијанса на Албанците, Алтернатива ќе зборуваат за себе. Но тие се сите опозиција, барем така функционираат во рамките на Парламентот и имаме власт која отприлика е 50-50. Јас реков дека ќе се доведеме во една непријатна и тешка ситуација бидејќи не може власта да се однесува надмено и не може власта да се однесува како да има 100 пратеника, истакна Мицкоски.

– Конструктивноста, посочи тој, е двосмерна улица, за да биде опозицијата конструктивна мора да биде и власта конструктивна односно да има дијалог.