-Нашите потреби се исти, но и нашите страдања заеднички. Луѓето од Гостивар, и луѓето од Прилеп исто како и во секое сокаче и град во нашата земја се во потрага по подобар живот кој не го наоѓаат тука. Нашите мајки подеднакво плачат кога своите чеда ги напуштаат родните огништа. Не постои поголема грижа за својата челат на еден родител споредено со друг – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на днеешното одбележување на 31.роденден на партијата.
На прославата која се оддржа во Античкиот амфитеатар во Охрид Мицкоски посочи дека нема наша и нивна Македонија, таа е само една.
-Нема една и друга, наша и нивна, туку само една Македонија која од секогаш била за сите луѓе.
Затоа нашата борба е и твоја борба.Во таа борба тргнуваме од денес и таа борба ќе резултира со победа. Ви гарантирам.
Ќе се избориме за перспектива и иднина за нашиот народ и луѓе. Македонија се сака со дела, со работа, со жртва за каузата, а не со зборови и лажни ветувања. Не е доволно да кажете жицата македонска нема да ја скинам, да му се насмеете на Макрон и да мислите дека сте ја завршиле работата. Успехот во политиката се гледа во тоа колку проблеми сте решиле. Иднината е наша кога народот и луѓето на Македонија ќе се изборат за она што ни припаѓа и кога тесната клика на власт ќе разбере дека Македонија е на народот. МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ! – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ