Тој смета дека е одговорно да се бори за националните интереси, секогаш и секаде.
– Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара.
Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува.
И на крај, повикувам јавно Заев да каже што содржи документот кој се преговара од двоецот Заев-Бучковски и зошто тој се крие од јавноста?
Доста е! Се работи за Македонија!, пишува Мицкоски на Фејсбук.