Во време кога припадниците од исламската вероисповед го слават месецот Рамазан, ми беше особена чест да организираме Ифтарска вечер за нашите членови и пријатели од исламска вероисповед, објави на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка. Нека големите празници донесат мир и спокој, обединување и радост каква сите луѓе заслужуваат, истакна Мицкоски.