Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Анелина Бербок во просториите на германската резиденција во Македонија.

Од страна на претседателот Мицкоски беше посочено дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес.

Мицкоски беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво.

Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба како што прави власта, посочи Мицкоски.