-Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со Европската Унија бидејќи народот тоа го заслужи, а не оваа влада која што е сега, тогаш тоа е нечесно, лицемерно и во најмала рака можам да констатирам дека станува збор за човек кој не е храбар, кој што неговиот кариеризам е пред европските вредности, и тоа за мене е разочарувачки, додава Мицкоски.
Мицкоски истакна дека врз основа на информации со кои располага доколку целосно или делови од Резолуцијата која беше усвоена од Бугарскиот парламент во ноември 2019та година, а потврдена од бугарската влада не влезат во тој документ кој евентуално би се потпишал од македонската страна или би бил дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, тогаш Македонија не би добила зелено светло за отпочнување на преговорите.
-Мојот став е дека врз основа на анализите и информациите со кои што јас располагам се додека целосно или делови од Резолуцијата на Бугарскиот парламент усвоена во ноември 2019тата година и потврдена од Бугарската влада не влезе директно во тој документ кој што евентуално ние би го потпишеме, или да биде дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, ние нема да добиеме отворена рамка, односно нема да добиеме зелено светло за започнување на преговорите. Тоа впрочем го говори и изјавата на ново избраниот бугарски премиер Петков кој што вели дека ние нема да ги напуштиме позициите кои што се поврзани со разликите кои што ги имаме за историските прашања. Овој харвардовец кој што беше најавуван како либерален политичар, кој што беше најавуван како политичар од страна на нашите политичари тука претседателот Пендаровски, Зоран Заев и останатите дека имал би рекол полиберални позиции во однос на прашањето со Македонија, гледаме дека не само што се конзервативни, и не само што се регресивни, туку тој го потврдува оној концепт познат како живковизам на негирање на македонската нација, македонскиот јазик, па дури и во одредена мерка на македонската држава, рече Мицкоски.