Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Илинден.
-Јас сум задоволен што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не се сите исти, дека има голема разлика помеѓу овие од владата на ДУИ поддржано од СДСМ, но исто ако ја гледате пораката која што секојдневно ја испраќаат само се однесува на тендери, на сомнителни јавни набавки, на скандали кои се случуваат во државните институции, за разлика од таа слика која што ја гледаме, другата слика е сосема поинаква, односно градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работата и испорачуваат. И можам да кажам дека планот за оваа 2023 година, согласно информациите кои што ги добив од тимот кој што е дел од мојот кабинет, а на дневна основна комуницира со градоначалниците е дека во план се 748 капитални проекти да се реализираат, во вредност од прилика 70 милиони евра, истакна Мицкоски.
Истакна дека доколку оваа влада мисли на граѓаните и на народот, и доколку ги одобри овие општински обврзници тогаш сумата за инвестиции ќе се труплира, ќе надмине преку 200 милиони евра.
-Така што уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на Александар, на советот, на луѓето од администрацијата и да ги охрабрам вака да продолжат, јас ќе бидам нивна поддршка, идната владата на ВМРО-ДПМНЕ има план сериозно да инвестира во општина Илинден, бидејќи навистина овде имаме прекрасно место за живеење кое што од ден на ден станува се поубаво, нагласи Мицкоски.