Кога мислевме дека завршија со срамот кога ангажираа производител на долен веш да биде надзор на епски капиталниот инфраструктурен проект дел од коридорите 8 и 10Д, мислевме дека е последниот срам на ова влада, но, сме биле песимисти, тие можеле да одат подолу, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените кој беше во посета во општина Петровец запрашан на прашање како го коментира последниот скандал со РЕК Битола.
Мицкоски во врска со скандалот со РЕК Битола потсети дека тендерот го добива компанија која што има основна дејност трговија и дистрибуција на канцелариски материјал. Имено претседателот Мицкоски додаде дека тендерот е всушност 10-12 пати поголем од основни приходи кои компанијата ги имала претходната година.
Сега да речеме во РЕК Битола тендер за одмастување на котлите, доби компанија која што има основна дејност трговија и дистрибуција на канцелариски материјал, тендер е отприлика 4.2 милиони евра, а минатата година истата оваа компанија имала приходи не поголеми од 350.000 евра. Значи тендерот е за повеќе од 10-12 пати која што го добива компанијата поголем од нејзините основни приходи претходната година и добива работа која што не е нејзина основна дејност. Затоа велам кога мислевме дека со долниот веш го допреле дното, ние сме биле песимисти, требало да бидеме оптимисти, тие можеле да одат подлабоко, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски на крај порача дека за сето ова многу скоро ќе има одговорност.
Да не се повторувам, сето ова многу скоро ќе има одговорност, рече Мицкоски.