– Заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, остваривме средба со претставници на иницијативниот одбор на земјоделци од Арачиново и Гази Баба, кои беа погодени од невремето во изминатите години. Претставниците на земјоделците ме информираа дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период. Тие потенцираа дека се работи за околу 250 семејства чија примарна дејност е земјоделството и нивната егзистенција е нарушена, објави Мицкоски „Фејсбук“.

Заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, остваривме средба со…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, April 21, 2021

На средбата Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање, доколку треба да се донесе одредено законско решение пратениците тоа да го предложат, односно да го изгласат.

Исто така, посочил дека е безобразие ова што власта ги влече со години и не им ги исплаќа средствата на име на обештетувањe и дека за тоа треба да има одговорност.