– Рекордери сме на Балканот по бројот на лица кои што се заболени барем оние кои што се регистрирани бидејќи знам огромен број на лица кои што воопшто не се регистрирани а го поминаа, поради несоодветниот одговор на здравствените установи односно неможноста да се одговори останаа и го поминаа КОВИД вирусот во домашни услови. Неславни рекордери се според неинвестирањето во здравството за време на пандемија според Светска Банка сме убедливо на дното во регионот и во Европа. Тоа се за жал неславни рекорди кои што не ги ветија но за жал ги реализираа, посочи Мицкоски.
Мицкоски: Шести сме по бројот на починати од ковид поради неспособноста на нашата влада
М
На шесто место сме според бројот на луѓето кои што го загубија својот живот поради неспособноста на нашата влада и ковид пандемијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.