– Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија, кажа Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
– Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост, рече Мицкоски.