Што очекувате вие од човекот којшто е поставен, којшто не излегол на избори да види што тие мислат за него, прашува за Димитар Ковачевски претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Една година еве помина откако е тој таму, кажете ми што се случи? Дали имаме нешто што се подобри во државата? Сосема спротивно, државата продолжи да тоне и да се враќа назад, така што менталната матрица на тој човек и на тие околу него се такви. Така што јас од него и од таа ментална матрица не очекувам буквално ништо!, вели Мицкоски.