Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев.

По веста за неговата смрт, се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

За жал, Трајче Димитриев не ја издржа битката со опакиот корона вирус. Сѐ повеќе добри луѓе си заминуваат, и секако прашањето кое останува да нѐ мачи, дали можеше поинаку!?

Беше градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, борец и пријател.

Трајче, почивај во мир! Бог нека ти дарува вечност. Сочувство и до најблиските.

 

За жал, Трајче Димитриев не ја издржа битката со опакиот корона вирус. Сѐ повеќе добри луѓе си заминуваат, и секако…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, April 4, 2021