Не можеме да го скриеме задоволството кога сме дел од вакви настани, каде што можеме да сведочиме на исполнети ветувања, даден збор кој што граѓаните можат да го видат и на дело. Тоа што се ветува, тоа се и реализира, рече во изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денеска покрај спортската сала овде бевме и на посета на спортско игралиште исто така овде во Стајковци. Ново фудбалско, кошаркарско, детско игралиште исто така имаше во тој комплекс. Така што се работи, се реализира ветеното, и тоа веќе го чувствуваат граѓаните насекаде во Македонија каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници, истакна Мицкоски.

Тој додава дек ќе повтори оти не им е лесно, опструкции на секој чекор, некаде се одземаат ингеренции, се намалуваат дотации, се кратат дотации. Никој од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не добил никаква помош за разлика од малкумината кои што се дел од власта од страна на оваа Влада.

-Континуирано се под притисок, но сепак со храбро, чесно, транспарентно работење тие можат да испорачаат голем дел би рекол од она кое што беше ветено за време на кампањата на локалните избори во 2021 година, потенцираше Мицкоски.

Јас му честитам на Боби, честитам и на тимот во Општината, на советниците, честитам и на пратениците од овде од Гази Баба за ова што го прават. И сакам само да им посакам и да ги охрабрам дека уште многу треба да направиме за да луѓето бидат задоволни и да видат еден исчекор напред. Јас сум сигурен дека веќе следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже и докаже дека можело поинаку и дека можело да бидеме различни, да не бидеме како овие кои што пет и половина години веќе ја пустошат, ја пљачкаат и ја уназадуваат нашата Македонија, истакнува Мицкоски.

Ете уште еднашка честитки, нека се множат вакви проекти, додава Мицкоски.