– Волјата и надежта за новата иднина се присутни кај народот во Македонија и тие практично со своето гласање масовно во утрината го покажуваат. За жал можеме да забележиме многу неправилности изминативе денови, многу злоупотреба на државни институции од страна на оваа власт која што е во заминување. За мене тоа претставува многу недемократски и насилнички обид да се добие волјата на граѓаните.
Но, мислам дека сето тоа ќе има спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените. Од едната страна ја имаме власта со институциите и злоупотребата на истите, а од другата страна сме ние заедно со народот, рече Мицкоски.
Изјава за медиуми (31.10.2021)
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, October 31, 2021