ТЕЦ Неготино не произведува затоа што е расипан генераторот, а не затоа што е предвиден ремонт, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Таа неспособност се манифестира секој ден, до скоро не работеше и блокот 2, блокот 3 во Битола, не работи затоа што трансформаторот не е ни во Македонија што требаше да дојде на 1ви Ноември. Има многу проблеми коишто се случуваат и затоа денеска плаќаме многу поскапа струја и стопанството плаќа многу поскапа струја од таа што треба да ја плаќа. Ќе ве потсетам Бучим не работи и не работи Фени. А не работат и уште многу други стопански производни капацитети поради тоа што не добиваат субвенционирана струја, додава Мицкоски.