Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за тоа на што се должи ваквата состојба во ЕЛЕМ, претпријатие кое бележи загуби, а состојбата со хидроакумулациите е очајна, посочи дека тоа не го изненадува бидејќи како тогашен директор на АД ЕЛЕМ ја оставил компанијата во одлична финансиска кондиција.
Јас знам во која состојба како тогашен директор во АД ЕЛЕМ ја оставив компанијата зборам финансиска кондиција и за жал денеска морам да кажам дека данокот за додадена вредност од 18 на 5 % за електричната енергија не само за оние којшто ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН туку и за сите потрошувачи и оние којшто се на слободниот пазар, кажа Мицкоски.
Тој упати и апел до владата да донесе предлог за спас на граѓаните од ценовните шокови и од инфлацијата, инфлаторна спирала и зголемување на цените кои што ќе ги предизвика зголемувањето на цената на електричната енергија.
Не е решение зголемување на даноците, туку решение е намалување на даноците, да се намалат непродуктивните трошења којшто ги прави оваа влада и да се заштеди на сметка на граѓаните и нивните интереси тоа е суштината и тоа е одговорот тоа е она коешто ВМРО-ДПМНЕ денес се залага и тоа е она за кое што ВМРО-ДПМНЕ гласно зборува, истакна Мицкоски.
– Јас би сакал да се обратам и до граѓаните и до сите оние кој што се загрижени за иднината на Македонија тоа го зборевме пред предвремените парламентарни избори но за жал тие избори изобилуваа со многу неправилности злоупотреби и сме го повторувале тоа во минатото не би сакал да се навраќам на тоа, но овој пат треба сите да сме свесни дека гласот за градоначалникот или кандидатот за градоначалник којшто ќе го предложи СДСМ е глас за Зоран Заев не е глас за кандидатот за градоначалник или кандидатката за градоначалник на предлог на СДСМ тоа е глас за повисоки даноци, глас за поскапа струја, глас за поголемо понижување, за по долно место на скалата на Транспаренси Интернешнл, така да не смееме овој пат да поверуваме во лагите којшто повторно ќе ги слушаме во периодот којшто следи на Зоран Заев и раководството, посочи Мицкоски.
Никогаш не треба да заборавиме дека на овие локални избори гласаме или за Мајбахот на Трајче или за шверцот на марихуана, а тоа значи поддршка за Зоран Заев или гласаме за проекти, вредности, подобра економија, повеќе странски инвеститори бидејќи после огромната победа којашто ја очекуваме на овие избори, ние практично очекуваме и нова влада и нови предвремени парламентарни избори ако не успееме заедно со локалните тоа да го постигнеме, рече Мицкоски.