ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори како фаворит и јас кажав во неколку наврати дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе води пред кандидатот на ДУИ и СДС отприлика околу 100.000 гласови. Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во периодот кој следи, а кои е поврзани со тој изборен процес и парламентарните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на „Радио Лидер“.

Мицкоски нагласи дека ако изборите не бидат успешни, бидејќи има фингерпринт терминали нема полнење кутии како во минатото, и нема како порано од присутни 25-30% од избирачите а излезноста 90% или 97% како што беше на некои места на референдумот, тогаш може да влеземе во континуиран процес на избори и државата тоа нема да го издржи.

– Многу е важно како ќе се организираме и како ќе ја организираме државата бидејќи сме на 4 месеци од изборна кампања, мора да завршиме претседателски избори во април. Ако тој процес е успешен претседател треба да има на 12 мај. По принцип две недели порано треба да заврши вториот круг, а тоа значи дека најдоцна треба да заврши вториот круг на 28 април, тогаш првиот круг е 14 април, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека актуелната власт се однесува неодговорно кон државата и ресурсите а планот им е да одат со заеднички кандидат, кој ќе го номинира ДУИ бидејќи ДУИ и Ахмети одлучуваат, а СДС се однесува како измеќар и мислат дека ќе победат а по месец два ќе се оди на парламентарни.

– Ако се грижиш за државата, треба да се грижиш и за ресурсите на државата, а прашањето е дали Македонија има доволно ресурси за таков краток период да изработи три изборни циклуси имајќи предвид дека требаат два круга за претседателските избори. Логичната анализа вели дека со вториот круг на претседателските треба да се организираат и парламентарните. Дајте на лидерска средба да ги договориме датумите, на неколку месеци сме пред кампања, секогаш имало дијалог, никогаш не се случувало ова, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта бега од дијалог и од лидерска и од дијалог во Собрание, а ни следат важни процеси.

– Ако се случи да има неуспешни претседателски избори, условно кажано, тогаш рокот е за 40 дена треба да се повтори процесот. Можеме да влеземе во континуиран процес на избори и да се измори државата. Друго прашање е дали ние како општество можеме ова да го издигестираме или дали економијата може. Стопанството е загрижено и вели ако влеземе во таков процес бидејќи и 2025 има други, нема да може да се издржи во државата. Имаме сега ситуација кога опозицијата се однесува одговорно, а власта неодговорно, нагласи тој.

Мицкоски потенцира дека ако немој мисли дека ќе си играат и ќе има услови, или техничка влада како таа на Спасовски и ќе се носат уредби, ќе биде суспендиран парламентот, тоа нема да се случи.

– Ограничени им се маневарските способности. Тоа така нема да оди. Подготвени сме за сите сценарија, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да бидат неми набљудувачи, изјави Мицкоски.