-Заклучокот е дека постои голема волја и желба, од страна на нашите европски партнери, Македонија да ги почне конечно преговорите за коишто ги исполни сите критериуми уште пред 11 или 13 години, откако сме формално земја кандидат. Македонија има огромно мнозинство на пријатели во Брисел, луѓе кои ја разбираат позицијата на Македонија, но не ја разбираат позицијата на Бугарија, која во овој момент, очигледно претставува сериозна пречка за почнување на преговорите. Најголемите критики што доаѓаат од Брисел кон Македонија е огромното ниво на корупција, криминал кој владее во државата и тоа не е некоја голема тајна, бидејќи ние сме според извештајот на Транспарентност интернационал на 111. место или најкорумпирани и најкриминализирани во Европа. Немањето суштински и квалитетни реформи, лошото менаџирање со Ковид-пандемијата, отприлика тоа се дел од неколкуте атрибути кои дипломатите во Брисел ни ги забележуваат, посочи Мицкоски.
Целосно сум вложен на страната на народот и на државата изјави тој за “Вечер Прес”.