Мицкоски: Неспорен факт е дека Бојан Христовски е носител на сертификат за безбедност
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „360 степени“ на МРТ се огласи и за кадровските решенија како што е случајот со именувањето за Бојан Христовски за директор на АНБ. За сомнежите дека е невалидна неговата диплома Мицкоски децидно се повика на сертификатот од НАТО Алијансата.
Тука имаме различни ставови и различни мислења, но исто така неспорен факт е дека Бојан Христовски е носител на сертификат за безбедност којшто е од највисок степен во НАТО Алијансата. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе меѓу кои сум и јас, започнува Мицкоски.
Мицкоски ја демантираше новинарската инсинуација дека властите сами си го издале сертификатот за Христовски
Не може вработени во НАТО периметар да не се мониторирани од самата НАТО структурура. Апсолутно со сето ова дека тој не исполнува услови паѓаат во вода, додаде Мицкоски.
Мицкоски: Христовски покажа сериозни резултати
Мицкоски се повика на Обвинителството и ДКСК. Но, тој потенцираше дека Христовски за неколку недели има покренато значајни истраги кои вродиле со резултати.
Претпоставувам дека Обвинителството пријави дека ќе покрене случај, па да почекаме што ќе каже. За само неколку недели Христовски постигна многу сериозни резултати како разбиравање на терористички ќелии, заклучува Мицкоски.
Претходната недела македонската јавност беше сведок на таква акција.
ГОЛЕМА АКЦИЈА НА АНБ И ХРИСТОВСКИ: Четири лица уапсени, планирале напади на јавни објекти
Тој рече да се почека извештајот од Обивинителството.
Да видиме што ќе каже Обвинителството. Јас како претседател на Владата можам да судам врз основа на завршените задачи. Тие засега се вонсериски, заклучи премиерот.
Позадина на случајот
Христовски: Не учествував во процесот на проверка за НАТО-сертификатот
Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци е актуелен за пошироката јавност откако со неговото име се поврзуваат неосновани контроверзии наметнати од центрите за комуникација на опозициските партии.
Христовски ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата
НАТО сертификатот за Христовски значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата. Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.