На прашање од ТВ21 вели дека подоцна ќе даде изјава, без конкретно да одговори на прашањето од нашиот репортер: Дали има мнозинство или замена за Кастриот Реџепи.
Тој Реџепи го спореди со Амди Бајрам, додавајќи „нека му е лесна земјата.“
Мицкоски вели дека до сега бил на часови, па затоа сега пристигнува во Собранието.
Како што е познато, Кастриот Реџепи не доаѓа на седницата, па така, барем засега нема 61 пратеник потребни за рушење на оваа Влада.