Целта на посетата беше политичко Собрание на Европската народна партија, разговаравме за тековните активности, таму има луѓе кои се вклучени во процесите. Имав можност од прва рака да слушнам каде се наоѓаме. Сигурно не треба да ја изгубиме надежта дека ќе бидеме дел од ЕУ, но за жал 4 години имаме егибиционизам на Владата, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во централниот дневник на Сител, откако во изминатите два дена беше во работна посета на Брисел.
Се она што оваа Влада не убедуваше дека ќе се случи, не се случи. Има и други работи кои не сме ги завршиле, борба со корупцијата и криминалот, таква е перцепцијата, не испорачување на реформи – слаба екомонија, судство, обвинителство, Имаме многу работи што треба да ги завршиме дома, а оваа владата нема капацитет . Кога би биле шампиони сум убеден дека ке се добие таа дата , изјави Мицкоски
Лошо е тоа што не ние што говориме дома, туку што корупцијата и криминалот е заштитно лице на оваа држава .. Лошото е тоа што ние дома го зборуваме го зборуваат во Брисел, слаба економија, корупција , криминал, Но таму јас го послушав советот на еден мој драг пријател.. (те морам не зборувај колку се тие лоши , сетоа тоа ни е јасно, тоа дополнително ќе ја отежне ситуацијата) Кога веќе тие знаат дека се толку лоши разговаравме како да ги отпочнеме преговорите , за да може да му помогнеме на народот, многу сме дале, многу ни било ветено и ништто не беше испорачано, изјави Мицкоски.