Во ЈО немало отворено ниту истрага ниту предистрага за фалсификуаните пасоши, изјави Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5.
Нема искрена намера во ова обвинителство. Материјалите ги имав неколку месеци доставени од свиркач . Подготвен сум да одговарам . Каков системски пропуст да ти дојде цела балканска мафија . Постои Седат Пекер , јас знаев точно каде бил, во кој хотел и со колку обезбедување. Во Турција сега има потерница. Зошто е протеран во Косово, а не е испорачан во Турција која го бара. И зошто тој е протеран три дена пред да дојде да се слика за лична карта, како потоа дошол да се слика за лична карта, изјави Мицкоски.
Добивам закани, а лично одговарам за мојата безбедност , одземено ми е обезбедувањето и да ми дадат нема да го прифатам. ако ми се случи нешто да знаете кој ќе биде одговорен изјави Мицкоски.