За новиот прифатен центар, што е од затворен тип рече дека целта е да биде за привремен прием на оние кои ќе пристигнуваат на Самос, додека да се одлучи дали бегалците и мигрантите треба да добијат заштита и азил или ќе се враќаат во нивната земја на потекло или во Турција, согласно заедничката изјава ЕУ-Турција.

Мицотакис додаде дека во новиот центар се сместени 300 бегалци и мигранти, иако има поголем капацитет и истакна дека тоа нема да се случи, бидејќи „Владата во пракса ја спроведе нејзината обврска за безбедно и праведно чување на границите“.

– Грција има граници на море и на копно. Европа има граници на море и на копно и наша должност е да ги чуваме овие граници. Во секој случај без да ги ставиме во опасност човечките животи, бидејќи за секое спречување на илегален влез што се случува на море, има уште толку случаи кога нашата крајбрежна служба, пожртвувано, спасува човечки животи, истакна Мицотакис.

Тој паралелно порача дека ќе продолжат со сите сили, бегалскиот и мигрантскиот проблем да ги покренуваат на европско ниво, „објаснувајќи дека проблемот не е само европски, туку е длабоко европски проблем“.