Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа.
„Очекувам мандатарот да каже дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и за внатрешна и за надворешна употреба“ рече Мицотакис, додавајќи дека прашањето ќе го покрене и на Самитот на НАТО на 9-11 јули.
„Очекувам логиката да надвладее“, рече Мицотакис, пренесуваат грчките медиуми.
Тој порача до раководството во новата Влада, да не го доведува во опасност европскиот тек, кој Грција го има поддржано.
Мицотакис повтори дека Договорот има негативни работи и за Грција, но, како што рече, една од важните димензии е името кое не може во пракса да се оспори од никој.
По тоа прашање, Мицотакис рече дека Грција има поддршка од ЕУ и САД, а Скопје е изолирано