Стотици мигранти денеска се собрале во планинска област во близина на Кастиљехос, во обид нелегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута, но мароканските безбедносни сили ги растерале и спречиле нивно приближување до границата.
Според шпанските медиуми, повикувајќи се на марокански безбедносни извори, мигрантите биле забележани во планинската област во близина на пограничниот град Кастиљехос, југозападно од Сеута. По интервенцијата на безбедносните сили, групата била растерана од подрачјето.
Ситуацијата на границата меѓу Мароко и Сеута останала мирна, но властите го засилиле надзорот поради можноста за нов обид за масовен премин.
Контролните пунктови биле распоредени на главните пристапни патишта кон Кастиљехос, особено на патиштата што водат од Тетуан и Тангер.
Засиленото обезбедување започнало уште во раните утрински часови, а контролата се спроведувала и на копно и на море. Во операцијата биле вклучени брзи чамци и беспилотни летала на Кралската мароканска морнарица.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за тоа дали некој од мигрантите успеал да стигне до самата граница.
Обидот се случува само неколку дена по масовниот влез во Сеута и Мелиља, при што според претходно објавените информации загинале повеќе од 140 лица.
