Доаѓањето на бегалците во моментов е убедливо најважното политичко прашање за мнозинството Германци, покажуваат резултатите од истражувањето објавено денеска.
Во истражувањето на јавното мислење спроведено на 10 и 11 октомври за Дојчеландтренд на утринскиот магазин АРД, 44 отсто од испитаниците ја навеле миграцијата како најважен проблем што треба да го решат политичарите, објави Дојче веле.
На далеку второ место, со 18 отсто од испитаниците, беше темата за вооружените конфликти, зачувувањето на мирот и надворешната политика.
По нив следат теми како што се пензиите (13 проценти), економијата (11 проценти) и инфлацијата и даноците (по 10 проценти), додека заштитата на животната средина/климатските промени (еден процент) или платите и социјалната неправда (по три проценти), овие неделите беа речиси неважни, иако до неодамна се сметаа за многу важни.