Сашо Мијалков доби единствена казна затвор од 8 години. Горан Грујевски го осуди на 15 години казна затвор. Обвинетиот Тони Јакимовски доби единствена казна затвор во трање од 5 години.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Според пресудата, ќе се конфискуваат и 838.106 денари и 145.619 евра, од сметки на фирмата Финзи како и автомобил Ауди А4 вреден 2.026.285 денари. Дополнително, обвинетите треба и да ја надоместат штетата од 21.158.296 денари.