Загреб — Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше масакрот што се случи вчера во основно училиште во Белград, предупредувајќи дека „оваа психоза може да продолжи“.

Тој изјави дека може да се случи богатите, во иднина, да изградат училиште за своите деца опкружено со бодликава жица.

„Во случај оваа психоза да започне и да се разгори, ќе имаме стратификација каква што немавме во Хрватска со децении. Тие што можат да си дозволат ќе градат училишта за своите деца или ќе ги праќаат во училишта кои ќе имаат два метри бодликава жица и ровови, за заштита од такви катастрофи кои се закануваат однадвор, а тие што не можат потоа ќе ги праќаат своите деца во државни училишта каде квалитетот ќе биде на ниво на оние во САД, каде што живееш – такво училиште имаш“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател му изрази сочувство и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

“Момчето очигледно имало план. Некој со оружје се спријателил со него, го научил како да ги решава работите. Се чини дека имал висока стапка на успех во елиминирањето на човечките животи. Тоа го учиш, тој не го научил тоа од телевизија”. – изјави Милановиќ.