Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во текот на предавањето на студентите во Сплит одговори на прашање за тоа како гледа крај на војната во Украина.

„Русија не смее да ја загуби војната, таа не смее тоа да си го дозволи, има огромна енергија и ресурси да добие војна против било кого. Единствен начин на кој гледам крај на ова агресија е да се промени власта во Русија“, вели Милановиќ.

Друг начин да заврши војната, а да не се промени власта, е со договор со САД, Велика Британија и Русија, кажа тој.