Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска, на 32-годишнината од формирањето на Штабот на хрватските вооружени сили, го коментираше хрватското вооружување, купувањето на француски борбени авиони „Рафал“ и праша „за кого ќе полетуваат овие авиони“.
– За кого овие авиони ќр полетуваат? На летечки објекти кои по грешка биле лансирани од Украина и отишле на запад? На нашиот источен сосед Србија, кој не може да одлучи кому му припаѓа? Тоа се сериозни дилеми во кои живееме. Затоа приоритет на Хрватска е она што се случува во регионот и амбицијата што поскоро да ја интегрира БиХ во ЕУ – рече Милановиќ.
Милановиќ во своето обраќање рече дека се поставува прашањето што добива Хрватска со купувањето на француската „Рафала“.
-Ние немаме воена индустрија, практично никој нема, Полјаците и Словаците имаат малку, додека Србите се трудат. И прашање е колку чини. Тоа се многу пари. Кога истоваривме речиси една и пол милијарда евра со ДДВ за користени добри, добри авиони од четврта генерација, се поставува прашањето што добиваме од тоа – праша Милановиќ, пренесе Хина.
Хрватска, истакна тој, плаќа огромна сума пари, а некој друг има корист.
– Дали ја добиваме барем убиствената моќ на сојузничкиот напад на Хамбург во 1943 година, кога беше истоварена онолку кинетичка енергија колку што не беше истоварена во војната во Ирак? Ова е огромна сума на пари што ја плаќаме, а некој друг има корист. Од друга страна, противвоздушната одбрана те ограничува до тој степен што цинично велат дека пилотите треба само да се учат како да полетаат затоа што некако ќе слетаат – рече Милановиќ.