Тој наброја неколку проблеми, кои се надева дека надлежните органи во наскоро можно време ќе ги решат, за да не се случуваат вакви катастрофи.

-Јас и моите пријатели повикавме да се формира Државна агенција за патна безбедност. Имаме проблем со проектирање на патиштата. Таму недостасуваат многу работи кои треба да се променат. Организацијата на движењето е голем проблем. Жално е што се случуваат вакви работи, вели Милчев.