Во своето денешно гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Владимир Милчин истакна дека според него, Скопјани масовно ќе излезат на локалните избори и ќе го казнат СДСМ.
– Локалните избори ќе покажат многу. Јас мислам дека СДСМ тешко ќе ги добие изборите локални, мислам дека толку проблеми, толку пропусти има, што тешко ќе добијат, изјави Милчин.
Милчин додаде дека СДСМ тешко ќе издвојува победа на локалните избори во некоја општина, посебно во Скопје многу ќе изгубат.
– Ова што се случува со Скопје, што се`се прави во Скопје, како се уништува градот практично, како се распродава земјиштето, во овој град ќе биде невозможно да се живее. Според тоа јас мислам дека скопјани ќе го казнат СДСМ, потенцира Милчин.