Предлогот е врз основа од Вас испратена порака на 11.05, денес, е доставен предлог закон за измени и дополнување на Законот за надворешни работи. Тоа е предлог закон кој што го доставивме јас и колегата Ковачки. Што значи дека предлог законот е преведен, доставен до пратениците и веќе е дел од собраниската постапка. и бидејќи Вие сте не известиле дека овој предлог закон го имаат пратениците и во собраниска процедура, јас затоа ќе се јавам за дополнување на Дневниот ред бидејќи веќе има материјал. А, сметам дека постапката е итна односно тоа ќе го утврди пленумот во Собранието врз основа на член 70 став 2. Зошто сметам дека постапката за овие измени е итна? Прво, ни се случи скандалот со амбасадорот Фрчковски, потоа ни се повтори скандалот со кандидатот за амбасадор Теута Арифи. И затоа сметам дека односот кон овој предлог закон нема само да го покаже односот на Талат Џафери кон Деловникот како претседател на Собрание туку ќе го покаже и односот на Талат Џафери како функционер на ДУИ, кон Теута Арифи во случајот, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Милошоски додаде дека заедно со пратеникот Ковачки предложиле во Законот за надворешни работи да се додаде еден став кој што ќе каже дека излагањето на тезите пред Комисијата за надворешна политика во Собранието е задолжителен дел пред преземањето на амбасадорската должност.

-Ние предлагаме за да не ни се случуваат вакви скандали каде што одбиени амбасадори како Фрчковски, изигрувајќи го Законот со потпис на претседателот се упатуваат во меѓународни организации и тоа е хендикеп за дипломатијата и за државата, предлагаме со пратеникот Ковачки во членот 39 од Законот за надворешни работи да се додаде само еден став кој што ќе каже дека излагањето на тезите пред Комисијата за надворешна политика во Собранието е задолжителен дел пред преземањето на амбасадорската должност. И затоа сметам дека овој Закон треба да се разгледува по итна постапка. Вие веќе сте го доставиле до пратениците и сметам дека секој ќе може да има увид, појасни Милошоски.

Милошоски посочи дека овој предлог закон да се стави како 11-та точка на Дневниот ред за да се усвои побргу бидејќи е итен.

-И предлагам за да не биде повторно изиграна процедурата и кандидати како Теута Арифи кој што ги одбил Брисел или ЕУ повторно да бидат кандидати некаде за амбасадори и да заминат со потпис на претседателот Пендаровски, овој предлог закон да биде ставен како 11-та точка на Дневниот ред да се дополни за да можеме побрзо да го усвоиме бидејќи не е обемен. Но сепак овој предлог закон е итен, нагласи Милошоски.