На денешната анкетна комисија за скандалот на Онкологија пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски упати прашање до заменик министерот за здравство Илир Хасани дали тој кога би бил на местото министер за здравство а во негов мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали тој како личност или функционер би размислувал да поднесе оставка а со тоа да понесе и политичка и морална одговорност.

„На 8 септември 2021 година се случи еден трагичен инцидент со модуларната болница во Тетово а еден ден потоа на 10 септември вие како заменик министер за здравтво си поднесовте оставка. Од она што можевме да видиме од расчистувањето на тој случај вие не сте имале лични институционални ингеренции, по однос на модуларната болница, но вашиот чин јас лично го сметам како чин на понесување на морална и политичка одговорност за еден сериозен скандал“ кажа Милошоски.

Милошоски упати прашање до Хасани дали кога тој би бил на местото министер за здравство а во негов мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали тој како личност или функционер би размислувал да поднесе оставка а со тоа да понесе и политичка и морална одговорност.

„Затоа оваа анкетна комисија денес можеби и немаше да има толку работа за скандалот на онкологија, доколку таква морална и политичка одговорност беа спремни да понесат тогашниот и сегашниот министер за здравство Венко Филипче и Фатмир Меџити. За жал тие не беа подготвени на таков начин да се соочат со овој скандал. Моето прашање е дали вие кога би биле на местото министер за здравство а во ваш мандат и време се разоткрива една ваква афера, дали вие како личност или функционер би размислувале да поднесете оставка а со тоа и да понесете политичка и морална одговорност“ праша Милошоски.