Милошоски вели дека трошењето ресурси за контроверзните анекси на договорот со Бугарија можело да се избегне доколку не беа потпишани
Антонио Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на Сител телевизија. Тој се осврна на Извештајот од Европскиот парламент. Истакна дека трошењето ресурси за контроверзни анекси на договорот со Бугарија можеше да се избегне. Но само доколку тие не беа потпишани од страна на СДС и ДУИ.
„Предлогот на Извештајот во ЕП не доаѓаше од македонски пратеници. Предлогот на Извештајот во ЕП доаѓаше од европратеник известител за Македонија, а е пратеник од Република Австрија. Известителот проценил дека тоа треба да биде дел од Извештајот. Сметам дека е од една страна што на Комисијата за надворешна политика во ЕП тој предлог извештај помина во почетната форма, а потоа видовме што се случи на пленарната седница“, рече Милошоски.
Според Милошоски, трошењето ресурси немаше да се случи доколку претходната влада на СДС и ДУИ не потпишуваше контроверзни анекси на Договорот за добрососедство со Бугарија.
„Нам не ни треба потврда за постоењето. Ни треба потврда за вистинските намери на соседна Бугарија. Ова веројатно немаше да биде потребно ако Заев, Никола Димитров, Бујар Османи, Бојан Маричиќ и другите не ги потпишаа Договорот и контроверзните анекси“, додаде Милошоски.
Тој истакна дека прифаќа критики и од јавноста и од академската фела. Последиците се резултат на потпишувањето од страна на претходната власт.
„Прифаќаме критики и од академската фела, и сугестии од јавноста. Сепак, се обидуваме да поправиме штетни последици кои настанаа поради лесните потписи во име на државата. Сега трпиме штета на идентитетот и самобитноста на македонскиот народ и нашиот јазик“, рече Милошоски.