Во денешното гостување во емисијата „Утро со Златев“ Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето како гледа на она што го прави Ковачевски со сите овие дипломатски средби со неговиот бугарски колега и дали веќе има решение коешто не го кажуваат на јавноста, тој мисли дека треба да бидеме претпазливи и дека постои сомнеж, скепса и недоверба кај јавноста.
-Зошто постои, сметам дека е оправдана таа недоверба на јавноста кон владата, затоа што само пред три години ги имавме изјавите на претходниот премиер Заев којшто тврдеше дека Бојко Борисов му е близок како брат, дека имаат постигнато одличен договор, дека сите проблеми се решени меѓу Македонија и Бугарија, дека нема веќе блокади и решени се сите спорови со соседите за да три години потоа денеска да видиме дека имаме многу повеќе проблеми помеѓу Македонија и Бугарија од тоа што сме имале пред десет години, вели тој.
Милошоски смета дека настапите, парадите и средбите коишто ги има сегашниот премиер Ковачевски со неговиот бугарски колега се само нова форма, а суштината е иста.
-Зошто според мене суштината е иста, ќе кажам еден пример зошто сметам дека кај бугарската страна нема поместување од нивната суштинска декларација на бугарското народно собрание, показател е непотпишувањето на договорот помеѓу Македонија и „Фронтекс“-европската агенција за помагање за обезбедување на граници, емиграција и бегалци.Македонија се уште го нема потпишано овој договор, иако потпис на тој договор имаат ставено сите други земји членки на ЕУ, освен Бугарија затоа што и е спорна клаузулата за јазикот, истакна Милошоски.
Тој додава дека самото тоа со „Фронтекс“ говори дека нема поместување и не само што нема поместување туку си остануваат на својата позиција.
-И сега Бугарија одлучи да смени тактика и таа тактика е добриот премир Кирил Петков и строгиот претседател Румен Радев, добриот и лошиот дипломат, а Македонија за жал, владата влезе во таа тактика, рече Милошоски.