Министерката за одбрана Славјанка Петровска како министерка за одбрана вработува 21 ,,специјалец за ништо” односно лица кои не се знае што ќе прават во АРМ а полковникот Драган Ковачки кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ја предупредува дека делото нема да и застари, пренесува Expres.mk.

,,Славјанка Петровска го крши Законот за одбрана и подзаконските прописи, си измислува некаква нова – општа служба и незаконски вработува 21 лице кои треба да бидат идни офицери.

Имено, на 08.06.2023 Воената Академија распишала конкурс за прием на офицери за Служби во Армијата.

Во конкурсот освен што се наведуваат технички факултети за кандидатите (сообраќајни, музички, електро, економски..), додаваат и ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ за општа воена специјалност и така и ги примаат.

Ова значи дека некој со општествен факултет после курсот станува офицер со чин поручник со ОПШТА ВЕС (воено евиденциска специјалност).

Внимавајте, во Армијата НЕМА, односно НЕ постои служба со Општа воена специјалност.

Значи, постојат интендантска, финансиска, сообраќајна, музичка, ветеринарна, санитетска служба, но ОПШТА служба НЕ постои.

За да се види аздисаноста на Петровска, погледнете од Решението (во прилог) на МО: од примените кандидати, 9 се навистина за потребите на службите (музичка и техничка) и со завршено соодветно образование, но дури 21 лице се со општа специјалност (која повторувам – не постои за службите), т.е. се со општествени науки.

Овој начин на пополна на единиците на АРМ со кршење на законите преку прием на лица за потребите на службите (а никој не знае на која служба ќе и’ користат) е уште еден доказ дека Армијата ја гледаат исклучиво како алатка за реализација на партиски и лични цели.

Дали повторно, како и во случајот со земањето на мито за мисии, некој од кабинетот на Министерката дебело искеширал и за ова, можеме само да претпоставуваме, но факт е дека овој случај е за кривична одговорност”, пишува Ковачки кој дава појаснување дека со општа воена специјалност се стекнуваат Виши офицери (мајор и повисоко) кои покрај Воена академија и после стекнувањето на основната специјалност (пешадија, артилерија, инжинерија, врски..) завршиле и Командно-штабна академија после која може да се добие општата ВЕС.

,,Вакви преседани со газење на униформата немало и ќе нема.
Славјанка Петровска треба да одговори зошто ова го прави?

Славјанка Петровска нека размисли што ќе се случи со тие лица што сега ги прима како офицери и нека праша еден, само еден од командантите (било кој по нејзин избор) кадешто се очекува да бидат распоредени новите офицери од ОПШТАТА служба (!?) што мислат за овој нејзин незаконски прием и за идната употребна вредност на овие идни млади офицери.

Или планира да ги напика директ во Министерството и ГШ на АРМ по канцеларии за да нема галама?

Свесна ли е Славјанка Петровска дека за неколку месеци заминува од позицијата Министер за одбрана, но дека тие млади луѓе ќе останат во АРМ, ќе учествуваат во мисии на НАТО и дека токму од нив утре некој може да биде и генерал па и началник на ГШ?

Ова е класична злоупотреба на службената позиција и свесно правење штета на борбената готовност на АРМ.
За ова мора да има истрага и одговорност”, пишува Ковачки кој ги користи хаштазите:
#Промени
#ГенераленРемонт
#НемаДаЗастари