Министерот Муцунски ги посети повредените сограѓани во Будимпешта
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ги посети повредените во Будимпешта каде што се згрижени шестмина македонски државјани.
Здравствената состојба на повредените
Муцунски доби информации за здравствената состојба на пациентите и се сретна со нивните семејства. Тој упати искрена благодарност до медицинскиот персонал за нивната посветена и професионална грижа.
Поддршка за пациентите и нивните семејства
Унгарските лекари, како што истакна министерот, покажуваат високо ниво на стручност и човечност во справувањето со оваа несреќа. Македонските дипломатско-конзуларни претставништва обезбедуваат логистичка поддршка за семејствата на повредените.
Трошоците за лекувањето покриени од државата: Муцунски досега ги посети болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана
Подготовки за безбедно враќање – трошоците покриени од државата
Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, работи на подготовките за нивно безбедно враќање во земјата. Ова ќе се реализира штом медицинските експерти проценат дека се исполнети сите неопходни услови.
Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:
View this post on Instagram
Претходно, министерот Муцунски истакна дека трошоците за лекување на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини. Нашата влада ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата на повредените.
Министерството е во постојана комуникација со семејствата. Дежурните телефонски броеви за информации се достапни за сите.