Министерот за транспорт, Александар Николоски сподели една одлична вест. Донесена е одлука да се формира работна група која ќе ги истражи сите можности да се зголеми бројот на летови и дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски најави нови евтини авионски летови

Нашата цел е веќе следната година да има нови дестинации, а целта е да се зголеми бројот на туристи и полесно и поевтино патување на македонските граѓани, вели министерот Николоски

Николоски најави дека ќе се разговара со повеќе светски компании кои нудат евтини летови. Министерството и владата ќе ја дадат целата потребна поддршка и субвенции со цел Македонија да има повеќе летови и повеќе туристи, но и македонските граѓани да може поевтино да патуваат