Министерски состанок во Скопје

Во Скопје министерскиот состанок и самитот на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Домаќин е претседателката Силјановска Давкова. Грчката делегација ја предводи шефот на дипломатијата Гера-Петритис.

Герапетритис и Пападополу во центарот на вниманието

Започна настанот кој е последен чин од македонското претседавање со овој форум за соработка, дијалог, поддршка на евроинтеграциите и меѓусоседски односи. Заменик министерката на Грција, Александра Пападополу веќе е на настанот, а на попладневната сесија се очекува да пристигне и Јоргос Герапетритис. Токму овој министер е во центарот на вниманието бидејќи гостува за првпат откако ВМРО-ДПМНЕ го презема владеењето со државава, а нов претседател е Гордана Силјановска Давкова.

Грчкиот министер за надворешни работи ќе присуствува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа во Скопје – можност за дипломатија и смирување на политичките тензии од разни толкувања на договорот од Преспа

Средба на претседавачите

Министрите за надворешни работи треба да договорат повеќе иницијативи, а во центарот се претходниот, сегашниот и идниот претседавач. Тука спаѓаат Македонија, Албанија и Црна Гора. Попладневната сесија е од 15 часот, а евентуалните средби со сегашните или идни функионери останувааат енигма.

ЕУ е приоритет – дециден е Османи

Со овој настан раководи се уште актуелниот претседавач Бујар Османи кој рече дека учесниците во Процесот имаат постигнато важни резултати во бројни области. Сепак тој потенцираше дека морат да ги удвојат напорите до крајната цел: членство во ЕУ за сите учесниците на ПСЈИЕ.

Се очекува завршна прес-конференција

Освен грчкиот шеф на дипломатијата, значајни се и од Турција, Словенија и Црна Гора. Се очекува да има и завршна прес-конференција.

ПСИЈЕ датира веќе одамна. Ваквиот процес за соработка на југоисточна европа се одржува уште од 1996 година, а во центарот на вниманието се соработка на сите полиња.