“Никаква оставфка, не не оставај сами”. Пишува Ѓоргиева

Вака со правописни грешки од неговите поддржувачи се брани премиерот во заминување на пост на екс пратеничката на СДСМ од Радовиш Милевка Ѓоргиева која бара Заев да ја повлече оставката. Во својот пост  го нарекува херој. Над 200 луѓе според лајковите се сложуваат со постот. Дали се работи за личен став или екс пратеничката спроведува план за рехабилитација на Заев не може со сигурност да се заклучи од постот.