Седми по ред претседателски избори. На 3.480 избирачки места во Македонија со право на глас во Избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 граѓани.
Пресек на излезноста
Излезноста во 11 часот беше 12,78 проценти на територијата на целата држава. На избирачките места најмалку гласачи имало во Општина Врапчиште-4,32 проценти од запишаните во Избирачкиот список, а најмногу во Демир Капија, речиси 24 проценти.
Последните податоци на ДИК велат дека до 13 часот на територијата на целата држава гласале 24,86 насто од запишаните гласачи, односно 435.948 граѓани. Најмала излезност има во општина Центар Жупа-9,12 насто, а најмногу гласале во Новаци, 42,87 проценти, нешто помалку е и излезеноста во Општина Карпош 42,08 насто.
До 15 часот излезноста е околу 35 отсто, а податоците се уште се обработуваат.
Фотографирање гласачки ливчиња
5 лица се санкционирани се дека ги сликале гласачките ливчиња во Охрид, Битола, два пати во Скопје и Берово.
Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес
Граѓаните да пријават било каква повреда на избирачкото право
Граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител, а нарушување констатира и МВР и Обвинителството. Засега гласањето е мирно на сите избирачки места, зебележани се само помали нарушувања.
Изборниот процес на првиот круг од претседателските избори го следат 942 набљудувачи. Според списокот што го објави Државната изборна комисија, 342 набљудувачи се домашни, а 568 се странски. ОБСЕ/ОДИХР има најмногу акредитирани набљудувачи, односно 372 набљудувачи на национално ниво.
Гласачките места се затвораат во 19 часот
Седмите претседателски избори покрај домашни, ги следат и странски медиуми. Вкупно 32 новинари се акредитирани во Државната изборна комисија.