Мисајловски истакна дека со Зоран Заев, Македонија е заробена држава.

– Зоран Заев ја има заробено државата, судскиот систем, институциите и целиот општествен апарат. Власта функционира мафијашки. Извештајот на Стејт Департментот на САД потврдува дека Зоран Заев и неговата влада ја зацементирале Македонија на дното. Се нотира корупција, криминал, поткуп на државни службеници, селективност на правдата и злоупотреба на законските процедури, вели тој.

Тој смета дека „Дека власта изгубила допир со реалноста и не работи за народот и бизнисот го нотираат и големите компании присутни во Македонија. Во Извештајот се вели дека голем број на компании кои работат во Македонија, вклучувајќи и неколку американски компании ја идентификувале корупцијата при јавните набавки и во судството како главен проблем“.