Изборите се чекор кој мора да биде направен, дали предвремени или редовни. Тие ќе бегаат од избори и ќе сакаат да купат ден повеќе за да наместат тендер плус, ама треба да знаат колку повеќе бегаат од избори, толку помалку пратеници ќе имаат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на гостување во утринската емисија на телевизија Алфа, Добро утро секое утро.
Мисајловски укажа дека оваа Влада ветуваше дека ќе ја однесе земјава во ЕУ.
„Сега гледаме дека тоа било една голема лага. Владата презела обврска за патот кон ЕУ, без да вклучи никој, а кој со сила го поминаа во Собранието и направија нов проблем со кој влегоа во ќорсокак. Државата ја доведоа во ќорсокак. За барањето на Бугарија тие не информираа никого. Кога бев во Берлин и имав среди со високи претставници и за нив беа чудни барањата на Бугарија и како тоа има условувања од сосед“, рече Мисајловски.
Потпретседателот се осврна и на критериумите на патот кон ЕУ.
„Едно е да има критериуми за да затворите поглавје, а друго е ова што сега Бугарија го бара од нас. Ние гледаме како амбасадори секој ден речиси предупредуваат, а се почна со холандскиот кој рече дека ќе се сопрат парите за реформи во правосудството ова се случи по настаните во Судскиот совет, а најголем проблем е што САД стави и лице, актуелен функционер на црната листа“, посочи Мисајловски.
Мисајловски се осврна на низата проблеми кои ги имаат граѓаните во државата.
„Нема на пример учебници во училиштата, учениците поминаа цела учебна година без учебници. Како ваква држава без основни работи како учебници за деца би можела да биде дел од ЕУ“, рече Мисајловски.