Пендаровски не е никаква кочница на власта која е закопана во криминал, корупција, и безидејност, ова го изјави на прес конференција пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Може да се забележи еден театар на наводни несогласувања, исценирани вербални напади на адреса претседател на држава и претседател на влада каде се однапред им е договорено, а кога ќе дојде време за суштинско делување стево пендаровски и зоран заев се едно исто. Пендаровски не направи ниту еден потег со кој ќе одигра за интересите на Македонија, тој игра само на страната на Заев. Пендаровски не направи ниту еден чекор со кој ќе покаже дека е претседател на сите граѓани..Пендаровски е спореден актер во театарот на заевизмот. Пендаровски денес го говореше она што тој првиот не го применува. Тој беше само коментатор кој само констатира, наместо претседател кој делува. Пендаровски можеше но не покажа дека демонстрира одговорност и владеење на правото. Неговата лажна заложба завршува во моментот кој тој одлучи да молчи за афери како рекет, издавање на пасоши на белосветски мафијаши, за сомнителното иземање од одговорност за тетовската несееќа со ковид болницата, несреќата во бугарија со 45 жртви. За алучајот на Ден Дончев и редица други случаи. Воедно тој одмолче и за списокот на помилувања кои само поради реакција на јавноста беше повелчен, истакна Мисајловски.
На државата и треба претседател а не статист во театар и коментатор. Тој не понуди визија, ниту решенија. За жал претаедателот Пендаровски не излегува од сенката на Заевизмот, додаде тој.