Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски денеска изјави дека пратениците од оваа партија се единствени и дека партијата нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат.

Сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат. Затоа секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде браникот на националните интереси бидејќи тоа го должиме на сите граѓани. Важно е да го извадиме СДСМ и ДУИ на површина и да покажеме дека они како партии се одговорни за сите проблеми што се случија во Македонија со носење на огромни штетни последици со тие штетни договори што ги потпишаа“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите и тоа значи дека набрзо ќе Македонија ќе има нова Влада.

Тој посочи дека моментално има турбулентно време каде што граѓаните навистина се разочарани од секојдневието, особено од економијата, од здравството, од образованието. Може да се види дека први наслови на сите вести се каде се бркаат доктори од клиники, каде што Македонија има руинирано здравство, каде што нема учебници за дечињата, нема доволно проекти итн.