За разлика од Стево Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова е човек легалист, експерт во својата област и секогаш го кажува она што го мисли, но најважно од се го кажува со аргументи и факти. А, секогаш кога имате аргументи и факти секогаш ќе победите, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2 Владо Мисајловски, во Отвореното студио пред започнување на големиот народен митинг пред Влада на Република Македонија.

-Кога беше најтешко за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, многумина молчеа, но професорката беше бедем и застана во првите редови за борба за Македонија. За неколку недели од сега Силјановска Давкова ќе биде идната претседателка, а секој граѓанин треба да биде спокоен дека ќе се бори за Македонците, за сите етникуми и ќе се бори за Македонците внатре во Македонија, но и за сите што се надвор од државата, потенцира Мисајловски.