Денеска е убаво да се биде во Гази Баба, да ги поздравам градоначалникот Стефковски, советниците од општина Гази Баба, персоналот во училиштето, директорот и сите останати, бидејќи сме сведоци на едно ново убаво катче, нова убава сала која е реконструирана, позади мене ново убаво игралиште тука во населбата Железара во ОУ Григор Прличев.
Ќе продолжиме и во Стајковци каде се прави нова спортска сала, како што спомна градоначалникот се работи на повеќе места во гази Баба и навистина ми е драго. Како носител во изборната единица 2, заедно со другите кандидати и пратениците тука од Гази Баба ветувавме многу проекти. Ветувавме дека сме многу поразлични, дека народот ќе види разлика. Еве ја таа разлика, еве ги тие проекти. За само 2 настани денеска 12 милиони денари се одвојуваат од општината и навистина е за секоја пофалба.
Градоначалникот и советниците ќе стартуваат две нови градинки во општината, ќе се асфалтираат нови улици во општината, ќе има и тендер за таа работа, ќе се работи во секое населено мести и тоа е тоа што и треба на државата. Ни требаат проекти, ни требаат капитални инвестиции, ни требаат вакви убави катчиња за сите овие дечиња што играат позади мене. Честитки до сите и ние како пратеници стоиме на располагање да помагаме на општините и со ребалансот.
Ние најавивме активна блокада, но со блокирање на одредени закони, а она што е добро како што се нови амандмани за нови проекти за тековниот ребаланс на буџет ќе бидеме активни и ќе ги доставуваме тие амандмани. Секако тука сме да разговараме со граѓаните и она што е наша обврска да ја завршиме.